Утре ќе се избира наследникот на Сашо Коруновски, актуелниот ректор на Битолскиот универзитет. Изборите ќе се одвиваат со тајно гласање. Гласачки кутии на секоја од члeнките на унивезитетот, а гласањето ќе биде од 12 до 14 часот.
Kандидати за иден ректор се
- Данчевска д-р Верица, редовен професор
- Димовски д-р Злате, редовен професор
- Кекеновски д-р Јове, редовен професор
- Кочоски д-р Љупче, редовен професор
- Неделковски д-р Игор, редовен професор
Ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор.
Право на глас за избор на ректор од сите единици на УКЛО имаат 280 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети во кои има претставници и од студентите. Електроратот за овие избори е 280, од кои 259 професори со право на глас и 21 студент.
Универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на ректор во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Сенатот на УКЛО избра Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Љупчо Кеверески, од Педагошкиот факултет – Битола.












