Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, со Рихтерови локални магнитуди од 3,4 и 2,3 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.












