Земјотресот кој утрово беше регистриран кај Лерин и беше со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, почувствуван беше и во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција.












