ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ ВО БИТОЛА

Како времето заладува така поинтензивно се грееме. Утрово во Битола околу 8 часот беа измерени само 2 степени. Во истовреме возудхот се позагаден. Што велат податоците од мерните станици? Како одминуваше времето, односно се движевме кон пладне така се намалуваше загадувањето на воздухот.

Утрово во 8 часот регистрирано е високо загадување во центарот на Битола. Ова го покажуваат резултатите од мерната станица Битола 2 на министерството за животна средина. Во истото време средно загадување беше измерено со ПМ10 честичките исто така во центарот на градот.

Мерната сраница Битола 1 која е лоцирана во индустрискиот дел на Битола во 8 часот регистрираше средно загадување со ПМ 2,5 честичките, а оваа мерна станица не дава податок за загадувањето со ПМ 10 честичките.

Два часа подоцна односно во 10 часот воздухот во центарот на градот стана почист, па наместо утринското високо загадување, имаше средно загадување и со ПМ 2,5 честичките и со ПМ 10 честичките, а во индустриска Битола ниско загадување со ПМ 2,5 честичките, ПМ 10 честички овде не се мерат.

Во 11 часот пак состојбата беше следна: ниско загадување со ПМ 2,5 честичките, а средно загадување со ПМ 10. Во индустрискиот дел на Битола загадувањето беше многу ниско.

Инаку темата со загадувањето на воздухот, пред неколку години беше многу актуелна, имаше и протести со кои се бараше преземање мерки. Надлежните најчесто високото загадување го поврзуваат со греењето на домаќинствата со дрва и други материјали кои загадуваат.

Дали субвенциите за инвестер клима уреди, замената на дограма, субвенциите за велоспипеди помогнаа во битката со загадениот воздух? Одговорот ќе го даваат мерните инструменти кои го мерат квалитетот на воздухот.