Утрово во Битола -4 степени

Утрово најстудено со -6 степени беше во Берово, -4 Битола, -2 Крива Паланка, Тетово, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, 0 Прилеп, Штип, Куманово, 1 Охрид, Скопје-Зајчев Рид, 2 Претор, Крушево, Виница, 3 Гевгелија, 6 Дојран.

Во текот на ноќта времето беше ведро со слаб ветер од северен правец. Утрово е претежно тивко и по одделни котлини во јужните делови има појава магла (најмногу во јужниот дел од Пелагонија со намалена видливост до 200м).

Денеска во претпладневни часови по одделни котлини појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Битола до 16.

 

Сподели