ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ВО БИТОЛА -6, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДО 9 СТЕПЕНИ

Утрово -9 степени во Берово, -7 Маврови Анови, Штип, -6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Попова Шапка, -5 Тетово, Претор, Прилеп, Крушево, -4 Охрид,  Виница, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, -1 Куманово, 0 Гевгелија.  

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала локална облачност, зголемена облачност има во североисточните делови, а во Демир Капија има појава на слаба магла.

Сончево со мала до умерена локална облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Битола до 9 степени.