Утрово најстудено со -17 степени на Попова Шапка, -13 Маврови Анови, -12 Крушево, -10 Берово, -9 Претор, -8 Охрид, Дебар, -7 Битола, Крива Паланка, -6 Прилеп, Тетово, Штип, -5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Виница, -4 Струмица, Д.Капија, -3 Дојран, -1 Гевгелија.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно и студено. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места достигнуваше брзина околу 50 км/час. Утрово во источните делови облачноста е намалена и преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Во западните делови променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/час.
Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени. Во Битола денеска до -2 степени.












