ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ КАЈ ШТИП

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 12.04.2023 година регистрираше два земјотреса 70 км југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со соодветни Рихтерови локални магнитуди 3.0 и 2.1, и интензитети III-IV и  II-III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.