ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ЕКСПЛОЗИИ ОДДЕКНАЛЕ ВО КИЕВ

Бараж од руски ракети рано утринава го погоди главниот град на Украина Киев, а на мета била инфраструктурата, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, пишува Радио Слободна Европа.

Нема извештаи за загинати, а едно лице е пренесено во болница со повреди.

Нападот го прекина чувството на мир во Киев, каде што немаше сличен напад од 28 април и посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Ракетите ги погодиле квартовите Дарницки и Дњипровски, соопшти Кличко на Телеграм.

Сирените за узбуна се слушнале речиси истовремено со експлозиите.
Над објект кој личи на складиште се гледа чад, а војската и полицијата го блокираа главниот пат кој води до тоа место.

Руските сили исто така ги продолжуваат акциите во источна Украина, каде што биле изведени ракетни и воздушни напади врз градови и села во регионот Луганск.

Гувернерот на Луганск Сергиј Гајдај на Телеграм објави дека воздушните напади со хеликоптери Ка-52 биле изведени во областите Гирске и Мирне Долине, додека авиони Су-25 извршиле напади врз Устиновка, а Лисичанск бил погоден со ракета.