ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО СО СЛАБ СНЕГ, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ СОНЧЕВО ВРЕМЕ

Утрово -8 степени на Попова Шапка, -5 Берово, Маврови Анови, -4 Лазарополе, Крушево, -2 Претор, Крива Паланка, -1 Охрид, 0 Скопје-Петровец, Виница, Прилеп, Куманово, Тетово, Струмица, Демир Капија, Битола, 1 Штип, 2 Дојран, Скопје – Зајчев Рид, 4 Гевгелија.  

Највисока снежна покривка од 67 см има на Попова Шапка, 17 Маврови Анови, 15 Берово, 5 Крушево, 3 Пожаране, Претор, Крива Паланка, 2 Тополчани, Прилеп.

Најмногу дожд 11 л/м2 наврнаа во Берово, 8 Куманово, 5 Ѓуриште, 4 Дебар, Скопје – Петровец, Виница, Демир Капија, Претор, Виница, 3 Крива Паланка, Крушево, Пожаране, 2 Попова Шапка, Тетово, Маврово, Охрид, 1 Струмица, Штип, Битола, Прилеп.

Во текот на ноќта од север кон јужните делови се преместуваше бран од врнежи кои на повисоките места беа од снег, а на пониските од дожд и снег. Дуваше умерен, повремено засилен претежно северозападен ветер.

Наутро со слаб локален снег, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има локални врнежи претежно од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Битола до 5 степени.