ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО СТУДЕНО, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ВО БИТОЛА ДО 12 СТЕПЕНИ

Утрово -10 степени на Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -4 Берово, Крушево, Скопје-Петровец, -3 Тетово, -2 Крива Паланка, Охрид, Претор, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Дебар, Струмица, Демир Капија, 0 Битола, Прилеп, 1 Куманово, 3 Дојран, 4 Гевгелија.

Во текот на ноќта облачноста се намали и дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово е ведро и студено, на места со слаб ветер од северозападен правец.

Денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Битола до 12 степени.