Утрово -3 степени во Берово, Попова Шапка, Лазарополе, -2 Маврови Анови, -1 Крива Паланка, Крушево, 0 Скопје-Петровец, Претор, Битола, 1 Тетово, Прилеп, Демир Капија, 2 Охрид, Виница, Куманово, Дебар, 3 Штип, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран, 8 Гевгелија.
Во текот на ноќта ветерот стивнуваше, а преовладуваше ведро време. Утринава е студено за овој дел од годината. Дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Во Битола до 17 степени.












