Утрово -6 степени во Битола

Утрово најстудено со -6 степени беше во Берово, Маврови Анови, Битола, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, -5 Тетово, Прилеп, -4 Штип, -3 Охрид, Демир Капија, Крива Паланка, -2 Крушево, Виница, Претор, -1 Попова Шапка, Куманово, 1 Струмица, 6 Дојран, 8 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово се задржа ведро и со слаб променлив ветер. Утринава е ведро и со слаб ветер освен во Штипско и на Ѓуриште каде што дува умерен западен ветер. Утринава појава на магла има во Дебар.

Времето денеска сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 5 до 13 степени.

 

 

 

Сподели