Денеска во Битола и Пелагонискиот регион времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Температурата ќе достигне до нула степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Во текот на ноќта снежните врнежи постепено ќе престануваат, а утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Минималната температура утре во Битола ќе се спушти до -2 а максималната температура ќе достигне до 5 степени- информираше за Тера телевизија Ленче Ризова од УХМР.
Според прогнозата на метеоролозите, стабилно време ќе се задржи до викендот. В сабота ќе има услови за појава на магла во утринските часови.
„Во недела се очекуваат повремени пообилни врнежи од дожд. А температурата ќе биде во пораст. Од петок до в недела, дневните температури ќе растат поради засиленото јужно воздушно струење коешто особено ќе биде изразено во недела, така што дневните температури ќе бидат до 10 степени“-додава Ленче Ризова од Управата за хидрометеоролошки работи.
Денеска најстудено беше на Попова Шапка и во Берово со измерени 7 степени под нулата. Најмногу снег има на Попова Шапка со измерени 34 сантиметри.












