„Жената во општеството долго време се борела за нејзиниот труд да биде подеднакво вреднуван. Денес сакаме да им покажеме на нашите ученици дека далеку сме стигнале со таа борба, па традиционално, во име на директорката Лилјана Николовска и сите вработени во О.У. Д-р Трифун Пановски од Битола им го честитаме 8 Март на припадничките на понежниот пол“ велат од училиштето, од кое ученици и наставнички денеска беа во посета на Тера Телевизија, честитјаќи им го празникот на нашите колешки.
Како и години наназад, така и оваа година ученици од ова училиште на Меѓународниот ден на жената ја посетуваат нашата телевизија.














