ТЕРА

REKLAMA???

УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ЗА КЛИМАТСКА И ЕКОЛОШКА ПРАВДА

Како што веќе информиравме започна проектот „Преспа? Разбуди се за чиста средина. Тогаш на стартот, симболично со чистење на една од многуте депонии низ регинот.

Но, почна и реализацијата на работи кои се дефинирани како чекори за реализација,а опфаќаат повеќе апсекти. Еден од нив беше и состанокот за проценка на потребите за јавно учество на проектот за климатска и еколошка правда.

„Заедницата и до сега има механизми со кои би требало да биде вклучена, меѓутоа неинформираноста на локалното население е најглавен виновник за тоа што не се вклучуваат доволно. Преку овие работилници кои што се дел од активноста, вкупно 42 во текот на целиот проект, ќе бидат вкучени директно со информирање и со покажување на самата заедница како може да се вклучува во промени на јавните одлуки во однос на животната средина. Пак ќе повторам со посебен акцент на комунален и цврст отпад, меѓутоа исто така ќе бидат искомуницирани на тие работилници и ќе им биде зајакната досегашната едукација и ќе имаа можност да се запознаат и со некои новини“ вели Марија Евтимовска од „Еко герила“ Преспа.

На оваа работна средба и двајца експерти од странство. Едниот тим лидер за климатска и правда за животна средина во Западен Балкан.

„Ова не е прв пат да сум тука на мое задоволство и ова е регионален проект кој се одвива меѓу три држави, Македонија, грција и Албанија. Ова е проект кој што е вреден 2 милиони долари и се состои од три компоненти, компонентата на право, локалните луѓе и јавното вклучување на граѓаните. Важно е да се каже дека јавното учество е еден огромен дел од овој проект. Затоа сме ние тука и сакам да изразам голема благодарност до Општина Ресен која што и менаџер во овој проект, затоа што скоро сите општини секогаш се имплементираат во самиот процес и имаме голема поддршка од нив“ вели експерката Ентела Пингули.

Другиот екстерт зборуваше и за тоа кои стратегии се чинат најпрактични и најприменливи.

„Во Преспа влогот е голем затоа што се работи за гранични предели меѓу три земји и Преспанското езеро и многу е важно луѓето да се охрабрат и повеќе да учествуваат во јавните расправи кои што се од нивни интерес, кои што вклучуваат кои се придобивките од зачувување на животната средина во поглед на земјоделството, езерото, чистиот воздух и ткн“ вели експертот Кармен Булеј  Де Сантијаго.

На денешниот состанoк и активистот Котевски од Ресен.

„Пред околу 10-12 години започнав како активист во Еко герила. Се вклучував во еколошки акции, обуки, работилници“ вели еко активистот Жарко Котевски.

Верува во кампањата за будењето на Преспа, а го прашавме и кое прашање си го поставува кога гледа некаде дива депонија.

„Па се надевам дека ќе ја разбудиме и тоа во најбрз може рок дека ќе успееме во тоа. Јас мислам дека во врска со депониите виновни сме и самите ние, но и надлежните бидејќи нема доволно инспектори, нема доволно решенија“ вели Котевски.

Се зборуваше за перцепциите и бариерите за учество на јавноста, постоечките стратегии за вклучување на јавноста, ангажманот на младите и волонтерите, децентрализирани состаноци и пристапност, институционални предизвици.

На денешната работилница, односно состанок воведно обраќање имаше градоначалникот на Ресен.