ТЕРА

REKLAMA???

УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО БИТОЛА

Многу позитивна енергија како што само ги нудат новите почетоци, а овојпат првпат во градот сите основни училишта со своите првоодделенци го одбележаа почетокот на учевната година.  Сите подготвија свој настап и сите настапија, им се придружија и учесници на фестивалот Си-До, кловнот Заги , а низ целата манифестација насловена „Училишна приказна“ ги водеше актерот Николче Пројчевски.

Првата честитка пристигна од градоначалниокот, Тони Коњановски.

Идејата е од граѓани, но во општината работите ги придвижил директорот на ЈП Паркинзи. Настанот може да стане традиција, за учениците да знаат дека општинските претпријатија се грижат за нив. Денеска ова претпријатие на сите првачиња од градот им овозможи бесплатно возење со Мечо, затоа што ова вовче е нивно, на најмладите. Мечо го симболизира патот што треба да се извози од сите на возраст за образование.  „Mечо“ може со еден збор да се опише – ни рече Зоран Михајловски, дирктор на ЈППЈЛП„Паркинзи“ – тоа  е радост, примамува насмевка кај секого.“

СВР, Зоолошката, битолски претпријатија, Црвениот крст, сите се приклучќија кон организираното прославување на почетокот на учебната година. И од зоолошката градина беа тука со свој подарок за првачињата – влезници за целодневна прошетка по зоолошката градина.  Полициските службеници ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи како и препораки за безбедно пристигнување од дома до улилиште и обратно и , им дадоа и рекламни материјали со едукативна содржина, за да ги стават во своите чанти и од време на време да се потсетуваат на некои правила.

Општината летото го искористи за реновирање и реконструирање на сите училишта кои се нејзина надлежност, потенцираше денеска Коњановски за Тера.

Има и готови проекти кои допрва ќе се реализират затоа што се во тендерси процес -документација за финансирање од владата, на 10 локации – 24 училишни терени, секое училиште со нова покривка, фотоволтаици има на поголем број од училиштата, има проекти и за нови 4 спортски сали во долно оризари , бистрица, во Оу стив Наумов и ОУ Тодор Ангелевски, кои ќе помогнат во вистинското насочување кон здравиот начин на живот, заедно со вистинските вредности кои ќе ги стекнуваат во текот на своето образование.

Го прашавме градоначалникот дали има убави спомени од основно?

Според податоците на општината до 15 јуни оваа година, кога беше заокружен процесот на запишување на првоодделенци, во учебната 2025 / 2026 година во Битола ќе има 548 првачиња.