Ушици е населба во северниот дел од градот, постои од 60те години на минатиот век и сеуште е атрактивна за живење. Од едната страна има добро уредено паркче, за кое живелите велат сами се грижат затоа што и деца и возрасни се тука. Организирано си ги паркираат возилата околу паркчето, па за посетителите на околните ординации по општа медицина и стоматологија, нема многу место, но велат- тоа е тоа.
Околните природни убавини по кои е прочуена – не се во својот најдобар сјај. Едната природна граница се старите турски и еврејски гробишта. Жицата одамна ја нема, затоа што некој ја скинал. Тревата ги покрива вечните почиалишта. И во есенските денови наликува на затревено ненегувано земјиште. А во лето пак често е место на пожари. Но, и тоа е во редот на нештата за кои сите се свесни дека не се во ред, но фактот дека со години, децении, нема промена ги тера жителите на населбата веќе да не ги забележуваат.
Улицата Панде Кајзеро и оддолжената реконструкција беше дел од реакција на сограѓанка што ТЕРА во рамките на својата иницијатива „Глас за градот“ веќе ка опсервира. Оддолжена реконструкција на водоводна мрежа – ископано и донесено до тампон кој сега под наплив на дождовите си пропаѓа има и на ул. 7 Јули.
Веќе втора недела со ред , секојдневно возилото на Тера – Глас за градот, според најавата на социјалните мрежи може да го најдете на зонски паркинг или пак на улица до продавница или друго фреквентно место во одредените населби.

И во оваа населба граѓаните велат – снимете околу себе. Паркчето на влезот во населбата непосредно над ОУ Тодор Ангелевски е уредено, таман толку за да се даде коментарот „малку фали за подобро“. Постои индивидуална желба за расчистување – од време на време.
Контејнерите тука се поставени во посебно изградени места. Знаеле што прават Битолчаните во 60те години.
Непосредно се наоѓа и една руинирана куќа, којашто не е единствена, но предизвикува проблем на околното население. Со години никој не влегува во неа, а локалната самоуправа не презема ништо – се коментарите на госпоѓите кои додека ние бевме таму си правеа кафе посета.

Констатира дека објектот претставува опасност, дека е небезбеден, ниту дека некоја локална самоуправа го решила. Констатираа дека Битола има значителен број на руинирани објекти за кои никој ништо не презема.
Посебен проблем претставува сеуште незавршената реконстуркција на Еврејските гробишта, отсуството на сообраќајно решение за влез кон нив, заедно со градежните активности кои во континуитет се продолжуваат за изградбата на двата трговски центри во градот. На крај една сограѓанка реагираше на сообраќајот околу Блис – новите измени во кружниот тек кои не предизвикуваат чувство на безбедност – напротив. Вели: „Кај Блис има многу сообраќај, неможе во КАМ да се оди ако не се пазиш, пешачки нема, а колите возат многу брзо.












