ТЕРА

REKLAMA???

УШТЕ ЕДЕН ПРЕС ЗА ДРУГА УЛИЦА КОЈА ЌЕ ОСТАНИ БЕЗ КАНАЛИЗАЦИОНА И ВОДОВОДНА МРЕЖА

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Ленче Илиевска во серијалот прес конференции за проблемите со кои ќе се соочат граѓаните заради како што вели власта, опструкциите на СДСМ, Поинаку и Левица во Советотна Општина Битола, од улицата „Гаврило Принцип“ кажа дека и овие жители се жртви на политиката на СДСМ, Поинаку и Левица.

„Реконструкција на водоводна мрежа и канализација на ул. Гаврило Принцип, нема да може да биде реализирана, а  голото политиканство и негрижата за интересите на граѓаните мора да имаат долна граница.

Откако во време на нивното владеење ги оставија на милост и немилост сите села во општина Битола, а кон градот беа уште пожестоки – една улица правеа повеќе од една година – сите  ние се сеќаваме на случајот со улицата Климент Охридски.

Сега прават СЕ да ги опструираат проектите и да застанат против развојот на општината – директно против граѓаните.

Јавно ги прашуваме, после изгубени европски пари за “Вело-патеките” повторно СДС е против проекти финансирани од ЕУ,  дали СДСМ со ваквото однесување се приближува кон РУСИЈА или поблиску им е дестинацијата на Венко, Дубаи.

1 милион евра од кој требаше аир да видат граѓаните – ќе пропаднат од лоша политика,  кратковидост и неспособност да се оддвои важното од неважното.

СДС, Поинаку и Левица граѓаните не ве бираа за да гласате против нив и нивните интереси – немате право да ги жртвувате еден милион евра..

Немате право да ги жртвувате граѓаните“ рече Илиевска.