На 20-ти април во 15:15 часот лице со живеалиште во Битола пријавило дека истиот ден во околу 12:30 часот на ул. Широк Сокак, поточно на плоштад „Магнолија“ додека се движел со неговиот син истото било нападнато и каснато од куче скитник во пределот на долната усна и лев образ, со што се здобило детето со телесни повреди, соопшти битолската полиција.
Од Клиничката болница Битола рекоа дека на одделението за максилофацијална хирургија му е пружена неопходната медицинска помош.
Изминатата недела на плоштадот „Магнолија“ осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче, соопшти тогаш општината.












