На нашето прашање дали на билетарницата на Центарот за култура каде што ќе се одржува фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ ќе има влезници на продажба за да можат граѓаните кои сакаат да го следат свеченото отворање да си купат, ни одговорија дека доколку останат слободни билети ќе може да се набават.
За ова ја прашавме и Општината како таа ги распоредува влезниците што по протокол ги добива од фестивалот. Ако добиеме одговор од општината, а и за тоа што велат од фестивалот за тоа како се пополнува салата за свеченото отворање во денешниот Актуел на Тера телевизија во 16:55 и 20:55.












