Во просториите на генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола беа потпишани договори за финансиска поддршка на две невладини организации со седиште во Битола. Горската спасувачка служба вторпат добива поддршка за опрема и обука со која ќе останат единствената организација од ваков калибар со професионални кадри за спасување.

Во јуни лани Министерството за надворешни работи на Република Бугарија преку Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола, објави постапка за прифаќање и избор на предлози за проекти што ќе се реализираат со грант преку Официјалната развојна помош на Република Бугарија, со почетен период на реализација во 2025 година. Две организации од Битола се добитници.

„Денеска е еден успешен ден. Конзулатот на Бугарија во Битола ги потпиша договорите со две локални невладини организации кои станаа корисници на нашата Официјална развоја помош на Република Бугарија“ – рече конзулот Николај Димитров.

„Радосни сме што по вторпат планинската спасувачка служба во Битола повторно се вклучи во постапката на нашата држава за донации по линија на официјалната програма за развој и веруваме дека со средствата што ги добиваат ќе имаат поголеми можности за реализација на купувањето на техника, подготовка на екипите кои спроведуваат планинска спасувачка дејност. Убаво е тоа и нас не радува што обуките, тренинзите кои ќе ги спроведуваат освен овде на терен ќе се реализираат и во Бугарија кадешто има многу добри услови, а и ќе има поврзување на организациите , на спасувачките служби кои функционираат и тука и во Бугарија, размена на искуства што е многу добар предуслов за развој. “ – рече тој.

Вероника Ристев, Претседател на Горска спасувачка служба „Томе Ристев“ – Битола изрази благодарност до МНР на Бугарија за објавувањето на овоој меѓународне повик за соработка што подразбира зајакнување на билатералните врски, но истовремено и помош за организациите во Македонија за финансиска поддршка.
„Оваа организација датира од 2017 година и со текот на времето постојано се надградува, дали со сопствени финасирања, со надворешни финансирања да бидиме во чекор со времето. Овој проект е главнонасочен кон набавка на медицинска опрема, всушност медицински ранци кои се најнеопходни при изведувањето на спасувачки акции. Исто така потребно е да се набават и ХТЗ опрема за летни и зимски периоди , а во овој проект е и изведбата на обука во Бугарија во Планинската спасителна служба. “ – вели Вероника Ристев, потенцирајќи дека оваа година обуката ќе биде второстепена.
Обуката ќе се одржува и се однесува на спасувачки акции на отворен планински терен. Откако спасителите дел од Горската спасувачка служба ќе се вратат назад, ќе бидат обучени за бидат обучувачи на подмладокот на службата. Според проектот кој е финансиран, ќе се реализира камп за кој ќе биде набавена дополнителна опрема – медицински легла, шатори, радио станици.

„Оваа помош е од огромно значење за нас како организација за да можеме да помагаме на секој којшто ќе ја побара нашата помош. На пристапен или непристапен терен ние сме постојано, 24 часа на ден активни. На наше поднебје ретко можеме да оствариме вакви обуки од висок професионален карактер , затоа се обративме кон некои организации кои имаат големо долгогодишно искуство и се високопрофесионални. И, сметаме дека однив ќе стекнеме огромно знаење што ќе може да го пренесеме на наредние генерации. Овој проект ќе биде постојано мотирориран од интерното членство на организацијата.“ – вели Вероника Ристев.
Горската спасувачка служба е единствена од својот вид- делуваат и а вода, и на планина. Проектите кои беа аплицирани во текот на минатата година својот акциски план треба да го реализираат во текот на оваа година. Во својот досегашен развој достигнаа ниво за да може да гарантираат висок процен на безбеднос на планина и брз и ефикасен пристап до повредени кога тоа е потребно.












