Со концерт на мешаниот хор Стив Наумов и Камерниот оркестар на Битола утре во битолскиот театар свечено ќе биде отворено годинашното издание на Инетрнационалниот фестивал на класична музика Интефест Битола.
Ќе настапат солистите Билјана Талевска и Саша Арсенков како најава на богатата музичка програма која Интерфест ја донесува во Битола во следите денови, вели Милица Шперовиќ- Рибарски, уметнички директор на фестивалот на класична музика Интерфест.
Од фестивалот посочуваат дека веќе неколку години се соочуваат со намалување на финансиската поддршка.
Но, велат дека публиката им дава сила ваквите потешкотии да не застанат на патот на фестивалот.
Фестивалската програма донесува серија концерти се до 10 октомври.
ФИНАНСИСКИТЕ ПОТЕШКОТИИ НЕМА ДА ЗАСТАНАТ НА ПАТОТ НА ИНТЕРФЕСТ ВЕЛАТ ОД ФЕСТИВАЛОТ












