ТЕРА

REKLAMA???

ФОЛКЛОРНО ДЕФИЛЕ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ДЕНОВИ“

Со традиционалното фолклорно дефиле и официјално започнаа 55-те „Илинденски денови“ во Битола.

Од Плоштадот „Магнолија“ пеку Широк сокак до Офицерски дом помина големото дефиле на дел од домашните и странски учесници на годинашниот Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Во дефилето имавме можност да ги видиме и гостите од Хрватска, Мексико, Грузија, Индонезија, Полска, Швајцарија и други.

Фолклорното дефиле го означи и официјалниот почеток на фестивалот, кој веќе неколку дена се одржува низ Битола со својата придружна програма.