ТЕРА

REKLAMA???

ФОНТАНА, КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР И ГОСТИТЕ ЈА РАСПЕАА БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

Вториот ден од Фестивалот на музика од светот, беше резервиран за „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости. „Многу ми е драго што после извесно време, заедно со мојата матична група имавме можност со голем концерт да се претставиме во нашиот град, пред нашата најдобра битолска публика“, истакна Благојче Трајковски, кој на овој фестивал настапувал повеќе пати.

Како специјални гости настапија Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, Македонија.

„Јас се чувствувам многу убаво тука, со овие прекрасни луѓе, прекрасни колеги мои пријатели. Убаво е кога човек може да сподели искуство со луѓе кои се блиски до она што го правите, овојпат тоа е музиката. Ова беше едно прекрасно поминато време за мене кое побуди многу емоции и се надевам дека и на публиката и се допадна она што имаше можност да го чуе“, рече Демирев.

„Кога бев мала за прв пат бев во Битола, поточно кога имав 12 години, но еве едно сјајно враќање во Битола на една ваква сцена. Мислам дека публиката можеше да ја почувствува нашата енергија, какви бевме на сцена. Јас сум пресреќна, сакам да искажам благодарност до организаторите за поканата и голем поздрав за Битола“, ни изјави Даница.

Таа ја отпеа Битола мој роден крај на сцената во Центарот за култура.

Групата Фонтана оваа година заедно со трубачот Џамбо Агушев направи и  урбана обработка на „Касапско оро“,  една од најпознатите инструментални теми во целокупната Балканска музичка традиција. Благојче и Џамбо, преку нивната заедничка работа во последните неколку години докажаа дека се еден од најдобрите тандеми на балканската инструментална музичка сцена.

Фонтана оваа година го  промовираа новото издание со музички спот на песната „Ако одам во Битола“, чија промоција беше токму во нашиот град, заедно со Димитар Андоновски и камерниот гудачки оркестар.