Форум на жени на битолската СДСМ вечерва присуствуваше на граѓанската трибина “Мугра на слободата ” во Крушево – симбол на непокорот, напредокот и визијата, објавија на својата фејзбук страница.
Фотографирани и со лидерот на партијата Филипче, а меѓу нив и пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на една, а на друга фотографија заедно со советникот Методија Илиевски.

„Крушевчани најдобро знаат што значи борба за достоинство, правда и подобар живот. Затоа вечерва од победничко Крушево ја испраќаме пораката – ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат. Граѓаните заслужуваат држава без авторитарни режими, без партиски вработувања, без селективна правда, без корупција. Заслужуваат да живеат во држава во која секој ќе ја има својата иднина и од која нема да се иселуваат младите“ рече во своето обраќање претседателот на паријата Венко Филипче.














