Фотографката Ивона Кочов го овековечи моментот на заоѓање на комета до врвот Пелистер.
„Она шо ме израдва најмногу е бесценетиот момент кој го фатив, заоѓањето на кометата до врвот Пелистер (Антената)…навистина од срце му се израдвав! 14.10.2024 од 18:45-19:11 ч“ напиша траа на својот фезбук профил.

Нејзината фотографија ја сподели и Скопското астрономско друштво.
„Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС ја „удира“ Пелистер над Битола. Фотографирано со Nikon Zf 24-120mm. Авторката на фотографијата е битолчанката Ивона Кочов“ напишаа од астрономското друштво на објавата со фотографијата на Кочов.

Во продолжение ви пренесуваме уште неколку фотографии направени од фотографката Кочов.















