ТЕРА

REKLAMA???

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!А!

Со громогласното биење на камбаните околу полноќ објавена е радосната вест за Христовото воскресени во православните храмови .

,,…За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога жените мироносници појдоа со миризливи масла на гробот за да го помазаат телото, кое не го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не и поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал.,,

Велигден – Пасха е најголемиот христијански празник, денот што Црквата го слави како централен настан на Христовата победа над смртта. Воскресението на Господ Исус Христос е основа на христијанството т.е. целата вера и проповед на Христовите ученици, а подоцна и на секој христијанин, произлегува од ова најважно дело на Христос. Надежта на христијаните во сопственото воскресение се темели и на вистината дека Христос воскресна.