ТЕРА

REKLAMA???

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Делегација на МПЦ – Охридска Архиепископија, предводена од неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан престојува во Истанбул, каде в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржи заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, јави агенцијата МИА.

Во пресрет на заедничката литургија, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан попладнево ќе одржат богослужба на која на нашата Црква официјално ќе и биде предаден Патријаршискиот и синодален акт на Светиот синод на Вселенската патријаршија со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска Архиепископија.