Различните општински програми предвидуваат реконструкција, санација, ама и изградба на нови улици. Вистинско градско живење, различно од помалку урбанизираните средини. Го читаат граѓаните тоа или се живее по автоматизам, ни се читаат ниту се почитуваат правилата за движење по улиците?

Улиците кои секојдневно сведочат за градежните и реконструктивни работи издржувајќи го ударот и вибрациите на камионите од по 1 до 3 тони, сведочат и на бројните автомобили на жителите на Битола кои се пофреквентни затоа што во старите европски градови како Битола – тоа се улиците, ако една е затворена сите од другата вртат. Во летните месеци пак, интензитетот зголемен за автомобилите можеби и камперите и по некој Харли Дејвидсон кои забрзано минуваат затоа што од почетокот на градежната сезона бројот на отворени сообраќајници е намален.
И тогаш на површина излегуваат прашањата за сообраќајните решенија и познавањето на сообраќајните правила, ама и нивното почитување и од возачите и од пешаците – од сите учесници во сообраќајот.
Како на пример на кружниот дек на Црн Мост. Има 6-9 улици што се приклучуваат на оваа клучка, има доволно сообраќајни знаци кои ги повторуваат сообраќајните наредби што мора сите да ги почитуваат. Има и решение за движење на пешаци до и над коловозот. Но реакцијата на многумина во слободен неформален разговор е дека Црн Мост мора мноогу внимателно да се поминува.

Очигледно проблематично е влегувањето во двосмерната 250-260 метри долга уличка која кружната крстосница ја поврзува со улицата Охридска. И тоа влегувањето кога доаѓате од десната страна на бул. 1Мај. Тие кои првпат ја возат крстосницата од левата страна гледаат знак за забрането движење поставен на среде островче, но, сите од секаде влегуваат. Знакот за забрана на сообраќај во една насока – постои и заедно со сообраќајните знаци за задолжителна насока и задолжително обиколување од десната страна и задолжително обиколување од левата страна убаво си кажуваат се. Ама сепак нејасно е дали преку кружниот и триаголникот за пешаци може да се пресече траекторијата на булеварот од десната страна на Драгор. Од горе и од долу, може – дали може и од страната. Местото, според сите досегашни извештаи на СВР е во една од црните точни во градот кадешто се случуваат и сообраќајни незгоди, не само прекршоци.
Уште еден пример за односот кон сообраќајните правила или наредби е начинот како сите возачи ги заобиколуваме лежечките полицајци. Нашите снимки посочуваат на два лежечки полицајци од двете страни на коловозот на ул. Васко Карангелевски. Многумина несвесно наместо да поминат со намалена брзина преку гумените подлошки, ги заобиколуваат прегазувајќи две полни линии кои изричито забрануваат преминување на другата страна од патот.

Многу градови, па и кај нас, за ваквите состојби користат конусни чунови. Или имаат засилена контрола од полициски службееници. Барем до моментот додека и Битола не добие камери кои ги снимаат сообраќајниците.
„Поголемиот број сообраќајни незгоди се случиле во населено место отколку на отворен пат во второто полугодие на 2024 година“ – вели последниот извештај на СВР Битола што се дискутираше на Совет на општина Битола. Во извештајот понатаму стои, во 6-те месеци од 2024 година Комисијата за одлучување по прекршоци при СВР Битола поднела 2067 барања за поведување прекршочна постапка, издадени биле 4.645 прекршочни платни налози или, граѓаните направиле најмалку 4,5 илјади сообраќајни прекршоц во 6 месеци лани.

Прашање за правосудните органи е дали прекршоците и висината на казната ја играат улогата на коректор на човековото однесување. Прашање на сообраќајните инженери е дали некое сообраќајно решение е добро, доволно добро или одлично од аспект на безбедноста и предвиденото однесување на сите што го користат патот, а базирано на локалниот менталитет.











