ТЕРА

REKLAMA???

ЦРН ЧАД ОД ОЏАКОТ ВО ВАТИКАН

Вчера доцна попладне црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела, сигнализирајќи дека првото гласање на кардиналите, собрани во конклава за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, заврши без резултат, објави МИА.

Илјадници верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ го очекуваа чадот од тесниот оџак на покривот на капелата по ден исполнет со ритуали и церемонии, додека кардиналите се молеа за божествено водство во тајното гласање.

Чекањето беше подолго од очекуваното – чадот се појави повеќе од три часа по почетокот на конклавата, што е еден час повеќе од времето потребно за првото гласање на конклавата во 2013 година, кога беше избран покојниот папа Франциск. Избор на папа во првиот ден од конклавата не се очекуваше, бидејќи во модерните времиња такво нешто не се случило.