ТЕРА

REKLAMA???

ЦУК: ГРОМОВИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ НЕКОЛКУ ПОЖАРИ

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва има неколку активни пожари.

Во Кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце кај Ловечки дом гори борова шума. Пожарите се предизвикани од удар на гром.

Кичево-с.Туин каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Велес-помаѓу селата Голозинци и Лисиче, општина Чашка каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. Пожарот е предизвикан од удар од гром.

Денеска попладне изби пожар во шума на место Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека  и покрај интервенцијата на пожарникарите од Гевгелија и Богданци, поради ветер непристапниот теренот и густа трнеста вегетација пожарот се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавото за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и селото Ѓавото.

„Поради временски услови и краток временски интервежал на дејствување армискиот хеликоптерот нема да полета денес туку утре изутрина во 5 часот. Според последните информации, пожарот се движи кон куќите во село Ѓавото“, соопшти ЦУК.