ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски по повод празникот Курбан Бајрам, до сите граѓани од исламска вероисповед, ја испраќа следната честитка:

„Со желби за многу здравје, радост и бериќет, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам.

„Празникот на жртвата“ и оваа година нека биде олицетворение на жртвувањето за доброто кое ќе внесе топлина, милост и благосостојба во Вашите домови, ќе значи поддршка и помош за ранливите и изнемоштените.

Традицијата, верата и почитувањето на културните разлики, се главниот темел за изградба на заедништво со кое сите заедно ќе ги негуваме и надградуваме високите вредности.

Хуманоста, солидарноста, дарежливоста и меѓусебното разбирање, нека бидат создавачи на позитивната енергија која ќе не води кон јакнење на меѓусебното почитување, соживот и разбирање, со кои ќе ја градиме иднината на нашиот град и нашата Македонија.

Честит Курбан Бајрам!“.