ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕСТИТКА ОД ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД 8 АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, по повод 8 април, меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до сите припадници на ромската заедница.

Деновиве, повеќе ромски здруженија, организираа голем број активности, одбележувајќи го својот празник, кога целиот свет ја одбележува ромската историја и култура.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски испрати честитка до сите припадници на ромската заедница. Во неа се вели

„Овој празник, Меѓународниот ден на Ромите е ден посветен на подигнување на свеста за правата и културата на ромската заедница. Но, не само денес, туку во текот на целата година, општина Битола континуирано ја поддржува ромската уникатна култура, дава поддршка во образовниот процес и во останатите програми и содржини, согласно законските можности и делувања. Ромите се составен дел од нашето живеење, со еднакви права, можности и должности во нашата општина“ – истакнува градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, во својата честитка по повод 8 Април.