Вечерва до 21:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 4 активни, 2 под контрола и 14 изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Чашка над Богомила (мешана шума), потоа во Општина Липково помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане (нискостеблеста шума), во Општина Студеничани с. Дречевица (шумски пожар во планина) и Општина Македонски Брод с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума).
Под контрола се пожарите во Општина Долнени кај с. Стровија – место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума) и Општина Желино с. Церово (мешана шума).











