Владата на Швајцарија предупреди дека ќе бара да го ограничи слободното движење на луѓето од ЕУ ако нето имиграцијата или зависноста од социјална помош надминат одредени граници, објави МИА.
Швајцарија и ЕУ во декември минатата година постигнаа договор за продлабочување на економската соработка и покрај противењето на националистите, за кои Европска Унија е закана по суверенитетот на земјата. Договорот се соочува со долг процес на ратификација, при што имиграцијата е клучно прашање. Поради тоа Владата сака да воведе така наречена заштитна клаузула.
Швајцарскиот министер на полицијата Беат Јанс, наведе дека клаузулата е потребна ако имиграцијата од ЕУ, прекуграничните патници, невработеноста или социјалната помош достигнат одредени нивоа, објави Ројтерс.
Швајцарија доживеа брз раст на населението, поради што десничарските партии се залагаат за построги ограничувања на имиграцијата.












