ТЕРА

REKLAMA???

Шеснаесетгодишниот Христијан Бошевски го фати осветениот крст во Битола

Шеснаесетгодишниот Христијан Бошевски го фати осветениот крст од базенот во црквата Свети Димитрија на централната манифестација во Битола. Во присуство на голем број верници, свештенослужители младиот Христијан беше најсреќен годинава на големиот христијански празник Богојавление Водици.
„По вторпат скокам по осветениот крст и еве годинава ми се насмевна среќата. Лани крстот го фати мој другар и нему му донесе среќа и бериќет. Чувството да се фати богојавленскиот крст е неверојатно и не можам да го опишам со зборови. На сите верници, и битолчани им посакувам годината да им биде исполнета со многу здравје, љубов и лична и семејна среќа. Убеден сум дека има некоја божја сила и благослов кој се чувствува на овој голем христијански празник “Богојавление” Водици- изјави за ТЕРА телевизија среќникот Христијан Бошевски.