ТЕРА

REKLAMA???

ШОЛЦ ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ, НОВ КАНЦЕЛАР ЌЕ БИДЕ МЕРЦ

Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц, кој според првичните резултати е фаворит за следен канцелар на Германија, изрази подготвеност брзо да формира ефикасна влада, јави ДПА.

„Свесен сум за одговорноста“, изјави Мерц пред своите поддржувачи во Берлин, тврдејќи дека има јасен мандат да ја предводи следната германска влада.

Според првичните проекции, конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои 29 отсто од гласовите, пред екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која е на второ место, со околу 20 проценти доверба.

Мерц нагласи дека е свесен за големината на задачата што го очекува.

Тој му се заблагодари на лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер, за изборната соработка и им оддаде признание на своите политички конкуренти.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва изјави дека ќе остане на функцијата сè додека не се формира новата коалициска влада, откако првичните изборни резултати покажаа дека неговата централно-левичарска Социјалдемократска партија (СПД) претрпе историски пораз.

„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, тоа е и изборен пораз“, рече тој по објавувањето на првите прогнози според кои СПД има 16% од гласовите.