ТЕРА

REKLAMA???

ШТО МИСЛАТ БИТОЛЧАНИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

Ноќта на вештерките денеска е широко раширена традиција низ целиот свет, која почнувајќи од западните земји полека но сигурно во последните години се одомаќини и на балканските простори, вклучувајќи ја и Македонија. Оваа традиција потекнува од западната христијанска традиција, а во модерното време се слави преку костимирани забави, кои се организираат и кај нас, и разни други активности најчесто мотивирани од познати хорор ликови и филмови.

Познато е дека овој празник е базиран на келтскиот обичај за прославување на празникот „Самхаин“. Келтите ја славеле новата година на први ноември, а Самхаин се славел претходната ноќ, верувајќи дека тогаш духовите на мртвите се враќаат на земјата. За време на овие прослави се носеле костими, претежно направени од животински глави и кожи. Етнологзите велат дека „Ноќта на вештерките“ е форма на забава за младите, но и магичен ритуал кој е дел од келтската култура.

Оние кои денеска ги прашавме што мислат за одбележувањето на Ноќта на вештерките имаат различни ставови. Додека некои сметаат дека овој празник не соодетствува во македонските традиции, други велат дека и нивните внуци ја одбележуваат ноќта на вештерките и дека тоа е современ начин на забава.

И додека некои немаат никаков проблем да се практикува ваквата традиција, други велат дека се се должи на напредокот и интернетот. Но сметаат дека тоа има негативно влијание кај младите.

Празникот „Ноќта на вештерките“ претставува еден вид премин кон следната сезона – зимата.