ТЕРА

REKLAMA???

ШТРАЈК НА ССМ, 120 СТОЛЧИЊА НА ТОПЛО НА УЛИЦА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО

Пред собранието на Македонија протест на претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија. Поставени се 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот.

„120 столчиња на топло на улица, ако можеш приклучисе“ напишаа од ССМ на фотографијата од поставените столчиња.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска организира генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Претставници на ССМ и на Владата вчера разговараа во врска со барањата за линеарно зголемување на платите на јавната администрација за 2.806 денари и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година.

Како што информираа од ССМ, состанокот бил на предлог на Владата. Бидејќи не бил постигнат договор со Владата, јавната администрација стапува во генерален штрајк.

Штрајкуваат управата, правосудството, здравството, МВР, комуналните претпријатија и други, со тоа што ќе бидат на работните места, но нема да работат. Итните и работите кои се неопходни за да не се загрози здравјето, животот и личната сигурност на вработените и на граѓаните ќе ги одржуваат 10 проценти од вработените.