ТЕРА

REKLAMA???

ШУКОВА: ЗБОРУВАМЕ ЗА СОФИСТИЦИРАНИ НОВИ МОДЕРНИ СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

„Неисплатливо е за секој регион да имате депонија“ рече лани во интервју за Тера телевизија, тогашната министерка за животна средина Каја Шукова, која сега е една од потпретседателките на СДСМ.

„Ние не зборуваме за градење на регионани депонии по теркот на овие што ги имаме, како што се комуналните или општинските депонии кои што се апсолутно незаштитени, по никакви стандарди, не се третира отпадот како што треба. Зборуваме за софицистирани нови, модерни опции каде што ќе имате и селектирање и рециклирање на отпадот кој што дефакто ќе ви ја намали количината на отпад која што финално ќе ја депонирате на отпад“ рече тогаш Шукова.

Таа објасни дека тој систем е на две нивоа. Јавните комунални претпријатија ќе продолжат да работат и во делот на управување со отпад, со тоа што го собираат и го транспортираат отпадот до трансфер станици.

„Во секој регион ќе има неколку трансфер станици за да можете во рамките на еден микро регион отпадот преку јавните комунални претпријатија да го донесете до трансфер станицата. Од трансфер станицата ќе го носите до централната депонија“ рече таа.

Изборот на локацијата вели таа, се прави врз основа на физибилити студија. Избрани се седум-осум локации.

„Врз основа на повеќе критериуми, како што го прави тоа Еворпа сакаме да го направиме и дома“ рече таа во ланското интервју за Тера телевизија.