ТЕРА

REKLAMA???

ЃОРГИ ДИМОВСКИ УЧЕСНИК НА СЕМИНАР ВО БРАТИСЛАВА

Професорот м-р.Горан Трајковски од Државното музичко училиште од Битола, заедно со неговиот ученик Ѓорги Димовски, учествуваа на семинар за саксофони во Братислава, Словачка наречен „Saxophobia“.

„Ја имав таа привилегија да го надоградам моето знаење на мастеркласовите од светски реномираните саксофонисти Лев Пупис, Филипе Портажуа и Барбара Штрак-Ханиш, кои се одлични педагози и вистински виртуози на саксофонот.Тоа го докажаа на концертот каде што сите професори заедно ја делеа сцената во раскошната „Сала на огледалата“во Палатата на приматот која датира од XVIII век“, ни изјави Димовски.

Освен мастеркласовите, свиреле заедно со оркестар од 80 саксофонисти, кое за Ѓорги е прво искуство од ваков вид. На концертот изведувале познати дела од Семјуел Барбер, Астор Пијацола, Бела Барток и други композитори.Како солист на концертот настапил еден од организаторите Ладислав Фанчовиќ кој свирел на субконтрабас саксофон.

„ Најбитно од се на ваквите настани е стекнувањето на нови познанства и пријателства од секаде низ светот, кои траат за цел живот“, додава Димовски.

Проф.Горан Трајковски од 2014-та работи како професор по саксофон и кларинет во Државното музичко училиште во Битола, каде неговите ученици бележат врвни резултати на домашни и меѓународни натпревари. Димовски за својот професор ќе каже: „Тој е човекот кој што го вложува целиот труд во мене за да ме направи врвен инструменталист и музичар“.

Минатата година Ѓорги Димовски на меѓународниот натпревар по саксофон во Лариса, Грција, освои ПРВА награда и инструмент алт саксофон од марката TREVOR JAMES.

Освен тоа Ѓорѓи има освоено и 3 први места на државниот натпревар во Скопје од кои една е специјална, 2 први и  втора награда на меѓународниот натпревар ,,Стеван Мокрањац” во Србија во Пожаревац,како и 2 први награди на меѓународниот натпревар ,,Саксклар’’ во Скопје,1 прва награда на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид и досега најголемиот успех за него како што вели е токму оваа награда во Грција.

Талентот го наследил од својот идолнеговиот татко,кој секогаш заедно со мајка му и сестра му како што ни изјави, му се најголемата поддршка во животот за неговите идеи.