Општина Битола објави јавен повик за прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа за Совет за превенција на детско престапништво, Совет за социјална заштита, Совет за превенција, ЛЕСС, Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,Совет за женско претприемништво, Совет за заштита на потрошувачи и Волонтерски совет.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година согласно Програмата за остварување на социјална заштита на Општина Битола за 2025 година.
Оценувањето на проектите ќе го врши Комисија за евалуација на апликации по јавни повици формирана од Градоначалник на Општина Битола врз основа на пропишаните критериуми.
Повикот трае заклучно со 18.03.2025 година.












