ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА МОЖНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД КОПОТ ВО ЖИВОЈНО

Во периодот на енергетска трансформација кон целосно зелено сценарио, државната енергетска компанија АД ЕСМ интензивно работи на елиминирање на набавката на јаглен за потребите нА РЕК Битола, каде што овој енергенс учествува со околу 50 отсто во производствената цена на електричната енергија. Експлоатацијата на јаглен и во близина на Живојно, битолско, кое се наоѓа во непосредна близина на двата постоечки рудници на најголемиот енергетски комплекс во Македонија, претставува единствено решение за потребите на компанијата за комплетно покривање на потребите од овој енергенс од сопствено производство.

 

Приоритет е државата да има повисок степен на енергетска независност, производната цена на чинење  на електрична енергија да е помала, што подразбира  и потрошувачите, големи или мали, да имаат помали сметки за плаќање. Оттука , АД ЕСМ и РЕК Битола ја започнаа кампањата за обезбедување на јаглен од жицата пронајдена и анализирана почетоците со работа на комбинатот, а интензивно испитувана во последните 15 тина години.  Денеска  Министерството за животна средина  и просторно планирање одржа јавна дебата за Студијата за оценката на влијанието врз животната средина на рударскиот проект за експлоатација на јагленот од Живојно.

„Студијата е изработена на исклучително високо ниво , сеопфатна е , во Управата за заштита на животната средина ги има добиено насоките, изработена е согласно важечките прописи во нашата држава, ги има сите елементи, сите области и сите аспекти од влијанието на животната средина. Исто така таа предвидува и мерки во самата експлоатациоја, користењето на наоѓалиштето, и исто така, по неговото завршување обезбедува мерки што ќе ја вратат во дел сегашната состојба, како што е пред експлоатацијата , а во делот што неможе да се обезбеди ќе се применат голем број на мерки и активности што ќе ја обезбедат животната средина. “ – изјви денеска Тони Ангелевски, помошник директор за развој и инвестиции на РЕК Битола.

Рударските активности ќе предизвикаат извесни негативни влијанија врз пределот во рамките на екслоатационото поле, заклучува студијата, изработена од Друштво за технолошки и лабораториски испитувања, проектирање и услуги ТЕХНОЛАБ, доо, Скопје. Најпрвин заради потребата од содавање нов објект, кој досега таму не постоел, а според природата на работата – површинско ископување, пренесување, одлагање, ќе повлијае и на биодиверзитетот – од водоземците во потокот Базик, преку нискостеблестите растенија и видовите дрвја, до сите птици што се гнездат во реонот. Ќе влијае и на населението коешто живее во околината во однос на нивните патишта и слободното движење.

Но, истражувана била и т.н нулта алтернатива – проектот да не се реализира, што пак ќе доведе до отуство на ефектите кои се очекуваат:  Отворањето на копот подразбира  хармонизација на производството на површинските копови во системот РЕК Битола  …“,  „социјални и економски придобивки, во форма на кратко и долгорочни вработувања и зголемување на индиректната потрошувачка во подрачјето – генерално развојот на регионот;  подразбира помалку увоз на јаглен во услови на нестабилен енерегетски пазар во Европа..

Отворањето на копот значи „економски исплатливо домашно производство, што е и национален интерес “– велат АД ЕСМ.

Првите активности ќе се видат за една година, производниот процес на термоелектраната целосно ќе се потпира на овој јаглен за три години. Експлоатацијата, се проценува, ќе биде прекината по 7 години. Такви се барем очекувањата, како и тоа дека  квалитетниот енергенс од Живојно ја носи економската исплатливост на чекорите  што ќе се преземаат,  имајќи го во предвид процесот на производство во РЕК Битола.

„Квалитетот на јагленот е со поголем, односно многу добар квалитет, имајќи во предвид увозниот јаглен што стига во овој период што е во голем дел вклучен во производството. Според проценките од геолошките истражувања и достапната документација предвидувањата се дека на наоѓалиштето имаме околу 24 милиони тони јаглен, а реализацијата и динамичкиот план треба да се одвива во период од 7 години.  Со таа динамика, со тој период од 7 години ќе се совпадне со моментот на напуштањето на производството на електрична енергија од т.н нееколошки извори и ресурси “ – вели помошникот директор за развој и инвестиции на РЕК Битола, Тони Ангелевски.

Оттука, Студијата на „Технолаб“ предвидува и конкретни, презицни мерки кои му се препорачуваат на концесионерот, на кои АД ЕСМ се обврза во 2022 година, кога со владата го потпиша договорот за можност за експлоатација на 30 години. Затоа и тригодишната подготовка:  од правична експропријација, преку изработка на посебен план за сообраќај, до мерки кои и сега РЕК Битола ги користи за заштита и санација на животната средина – порибување, пошумување со автохтони видови,  директна и непосредна комуникација за информација на населението, сите активности вклучени во процесот на одлагање на ископаното а во насока кон намалување на аерозагадувањето.  По завршувањето на експлоатацијата, АД ЕСМ односно РЕК Битола  потребно е да  направи комплетна рекултивација на просторот.

Откако ќе се добијат и вклучат коментарите од засегнатите страни, по одржаната  Јавна расправа, Студијата за ОВЖССА ќе биде финализирана и усвоена од  надлежниот орган.