Караванот „До вас, за вас“ на Бирото за јавна безбедност денеска беше во Битола. Целта е едукативни интерактивни активности за граѓаните на тема превенција на криминалот, како и грижа на заедницата.

На плоштадот „Гоце Делчев“ поставена беше дел од опремата и средствата со кои располага македонската полиција.

На настанот дојде директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, придружуван од началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и неговиот заменик Бојан Бојкоски.

За овој караван, директорот Јанев кажа дека безбедноста не е само задача, туку заедничка одговорност.

„Ги претставивме дел од средствата и опремата со кои располага македонската полиција. Но, уште поважно, ги претставивме луѓето зад униформите, нашите тивки херои, чесни, посветени и секогаш будни“ рече Јанев.























