Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Попладнево е примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград.
Синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По медицински преглед, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми.
Како резултат на тоа, на претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД меѓу кои и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Најавената посета на Вучиќ на Москва на 9 мај сега е доведена во прашање, иако претходно изјави дека во никој случај нема да се откаже од неа.












