ТЕРА

REKLAMA???

ЈОСИФОВСКИ: КОМУНАЛЕЦ РАБОТИ И ОТПЛАЌА КРЕДИТ ОД ВРЕМЕТО НА СДСМ

ЈП Комуналец 2022 година имаше наплата од 85% од домаќинства и 79% од правни лица. Собрани се 139 милиони ден. или 62% од средствата за покривање на трошоците направени во годината, рече на денешната пресконференција Марко Јосифовски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

„Платите учествуваат со 57% во вкупните трошоци. Од месец март почна и отплатата на кредитот од 20.000.000 земен во 2018 год во време на СДСМ со месечен ануитет од 790.000 ден. Од извештајот се гледа дека обврски кон добавувачи направени се на износ од 63 милиони ден. и истите се исплаќани во валутен рок, што укажува на домаќинско работење, како и сведувањето на трошоците за донации, спонзорства и репрезентација на минимум, а мора да се напомени дека во 2021година кога се назначи нов директор на јавното претпријатие Комуналец беше без пари за тековна плата за вработените.

По извештајот за сработено кој го добивме од јавното претпријатие Комуналец можеме да видиме дека се произведени над 90,000 корени цветен расад, Продадени се 800 декоративни садници, произведени 7000метли за свои потреби, произведени над 2000 декоративни садници и извршено кастрење на 964 дрвја. Работењето на терен е надминато од планираното по програмите за одржување на јавното зеленило и јавната чистота на територијата на Општина Битола.

Јавно зеленило се одржуваше на 567.241 м² на 133 објекти и јавна чистота на 84 објекти за што се потрошени 104.945.961 ден. Покрај одржувањето по програмите, чистени се диви депонии надвор од програмите, како и по налог на комунален инспекторат со што се исчистени повеќе од 40 локации“,рече Јосифовски.