ТЕРА

REKLAMA???

ЈП БАРААТ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ЗА ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

Јавните претпријатија даватели на комунални услуги бараат помош од државата за справување со предизвиците од тешката економската и енергетска криза. Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) бара средба во Владата бидејќи оттаму велат дека кризата го доверува во прашање нормалното работење и обезбедување на комуналните услуги.

„Поради енормниот раст на трошоците на струја, растот на цената на бензините, кој е речиси стопроцентен  и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење. Како претпријатија, даватели на комунални и водоводни услуги ние имаме обврска кон граѓаните да продолжиме да ги оствариме услугите на потребно ниво и покрај сите макроекономски предизвици со кои се соочуваме“, вели претседателот на АДКОМ Пеце Милевски на прес-конференција пред Владата.

Рече дека цените на услугите кои Јавните претпријатија ги даваат на граѓаните се на исто ниво и покрај тоа што цената на струјата се покачени од 3-5 пати.

„Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква ситуација излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на Владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги“,вели Милевски.

Тој рече дека Владата како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи што пак директно имаше импакт врз нивното финансиско работење и опстојување, бараат да им излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок-дотации за покривање на дел од загубите или да ја покрие разликата на трошоците за електрична енергија меѓу планираните и фактички настанатите, рече Милевски кој е директор на битолски Водовод.

Во АДКОМ членуваат 90 Јавни претпријатија.