ТЕРА

REKLAMA???

ЈП ПАЗАРИ ПРОСЛАВУВА 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

По повод 70 години од формирањето, јавното претпријатие „Пазари”, денес организираше посебен настан на кој присуствуваа голем број гости, сегашни и поранешни вработени во ЈП Пазари, пазарџии и други лица кои со својот ангажман, низ годините придонесле во креирањето на успешната приказна на ова претпријатие.

Директорката на претпријатието, Соња Карапашовска, во своето обраќање пред присутните, стави акцент и на значајните битолски историски приказни кои се сочувани во битолскиот пазар, а додели и повеќе благодарници на лицата кои се дел од нив.

-Имаме фокус на три работи, зачувувањето на традицијата, вториот фокус ни е органската храна и третиот фокус, хуманитарната нишка, целата продажба од штандовите на Слоу Фуд ќе оди во хуманитарни цели и ќе се донираат во Банката за храна. Оваа година планираме реорганизација која ќше донесе поголеми приходи и поголемо задоволство и за продавачите и купувачите, изјави Карапашовска.

-ЈП Пазари и Слоу Фуд имаат точки на спојување кои се основата за оваа наша соработка која се надеваме дека ќе се развува и понатаму, изјави Николче Николовски, Слоу Фуд Македонија.

Според анализите направени во неколку периоди во централното градско подрачје, односно маас пазар во пазарен ден фреквенцијата на граѓани достигнува и до 2000 посетители во 1 ден. Со тоа вкупниот број на посетители во пазарните денови односно граѓани и клиентите кои користат простор под закуп за продавање на производи достигнува над 2 500 граѓани додека во непазарни денови фреквенцијата на граѓаните кои гравитираат во централниот градски пазарен регион достигнува до 1000 граѓани.

Јавното претпријатие Пазари Битола е основано во 1952 година како претпријатие со самофинансирање.