За денеска е закажана 56-та седница на Советот на Општина Битола. Од точките на дневниот ред доминираат тие за работата на основните училишта во Општина Битола.
Извештаите за работата во учебната 2024/2025 година и годишната програма за учебната 2025/2026 година на основните училишта во општина Битола се најголемиот број од точките на дневниот ред. Исто така советниците ќе треба да расправат и по решенијата за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во основните и средните училишта од Битола. Од седницата на Комисијата за јавни дејности како што веќе инофмриравме во речиси сите училишта има намалување на бројот на ученици, освен во две-три училишта.
Пред советниците ќе се најде и информацијата за безбедносната состојба на подрајето на полициската станица од општа надлежност Битола во текот на првото полугодие од 2025 година.
Ќе треба да се изјаснат и за одлуката со која Советот го овластува постоечкиот Управен одбор за наградата 4-ти ноември да одлучи по пристигнатите предлози.
Со оглед на тоа што веќе изборниот процес за локалните избори е започнат, отворено останува прашањето дали советниците ќе ја искористат оваа седница и за политички пораки и препукувања меѓу себе во функција на изборната трка.











